ФИФПро го објави тимот на годината: Реал Мадрид доминира со најмногу играчи (ФОТО)

December 9, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

ФИФПро го објави тимот на годината: Реал Мадрид доминира со најмногу играчи (ФОТО)

Изборот на ФИФПРО за тимот на годината е еден од најпрестижните и најрелевантни признанија во светот на фудбалот, бидејќи тоа доаѓа директно од соиграчите. Во ова гласање учествуваа 28.000 фудбалери, а денеска беа објавени резултатите за најдобриот тим на 2024 година. Во оваа престижна 11-ка доминираат играчите на Реал Мадрид, кои имаат дури шест претставници. Меѓу нив се и некои познати имиња како Килијан Мбапе, кој ја заврши минатата сезона во ПСЖ, и Тони Крос, кој се пензионираше, но и други важни фудбалери од „кралевите“: Дани Карвахал, Антонио Ридигер, Џуд Белингам и Винисиус Жуниор. Дополнително, Премиер лигата е добро застапена, со вкупно пет играчи, од кои четири доаѓаат од Манчестер Сити: Едерсон, Родри, Де Брујне и Халанд. Единствениот претставник од друг клуб е Вирџил Ван Дајк, кој го носи дресот на Ливерпул.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.