December 9, 2024 | | Свет
Годината за Бојан Миовски е завршена предвреме поради повреда на скочниот зглоб. Тој се здобил со оваа повреда на еден од последните тренинзи пред важниот натпревар против Ливерпул во Лигата на шампионите, кој ќе се игра утре. Лекарските прегледи открија дека Миовски ќе мора да носи специјална „чизма“ за фиксација на ногата во следните три недели. Очекувањата се дека целосната рехабилитација ќе трае околу шест недели, што значи дека ќе го пропушти остатокот од календарската година и нема да може да игра во следните неколку натпревари. Оваа повреда претставува сериозен удар за Миовски, кој во последниот период се избори за место во стартниот состав на Жирона играјќи добро. Тој беше во одлична форма и оваа повреда доаѓа токму кога беше на пат да го даде најдоброто од себе. Отсуството на Македонецот ќе биде голем хендикеп за тимот, кој ќе мора да се справува без него во важни натпревари, особено во Лигата на шампионите. Џирона ќе го пречека Ливерпул на „Монотливи“, утре од 18.45 часот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |