Нема шала со Спалети на ЕП: Забранети се телефони, доцнење и помалку играње видео-игри

June 14, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Нема шала со Спалети на ЕП: Забранети се телефони, доцнење и помалку играње видео-игри

Бранителот на ова Европско првенство Италија утре против Албанија ќе го одигра првиот натпревар и тоа во Дортмунд. Според „Gazetta dello Sport“, селекторот Лучијано Спалети поставил строги правила околу тоа што играчите во селекцијата смеат да прават. Наводно, тој очекува сите да бидат точни и на време за сите обврски. Првиот собир во денот е закажан напладне, а целиот тим заедно оди на ручек во 12:45 часот. Вечерата е во 20 часот. Забранети се слушалките за користење, а мобилните телефони се дозволени пред ручек и пред вечера, пред се за видео повици со семејствата. при што потоа ќе треба да ги исклучат. Постојат и соби за игри каде играчите ќе можат да играат пинг-понг, билијард, фудбал, флипери и четири конзоли со два симулатори за возење. PlayStation може да се игра само во таа просторија. Италијанците велат дека смеата и забавата се дозирани бидејќи Спалети бара максимална концентрација на фудбалот од своите репрезентативци. Традиционално, Италија е незгодна екипа на Европското првенство па Спалети има план со кој што би пробал да го извади максимумот од своите играчи.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.