December 10, 2024 | | Свет
Реал Мадрид и Баерн Минхен се главни конкуренти во трката по Флоријан Вирц, извонредниот германски репрезентативец кој следното лето скоро па сигурно ќе си замине од Баер Леверкузен. Договорот на Вирц е со важност до јуни 2026 година, што значи дека „Фармацевтите“ ќе имаат последна шанса да го продадат и добро да заработат на неговиот трансфер. Раководството на Реал Мадрид верува дека има „таен адут“ за да го привлече Вирц. Тој адут е Арда Ѓулер, турскиот суперталент кој е член на Реал Мадрид и кој, според стилот на игра, многу потсетува на Вирц. „Фармацевтите“ веќе беа заинтересирани за Ѓулер пред две години, кога тој ги одби и потпиша за Реал, но Турчинот не доби многу шанси да ги покаже своите квалитети во дресот на шпанскиот клуб. Доаѓањето на Вирц во Реал би ја зголемило конкуренцијата за место во напаѓачкото трио, па поради тоа Флорентино Перез планира да го вклучи Ѓулер во понудата за големиот германски талент. Се очекува Баер Леверкузен да бара 100 милиони евра за Вирц, но шпанските медиуми најавуваат дека Реал е подготвен да понуди 70 милиони евра плус Арда Ѓулер, што ќе биде интересна опција за германскиот клуб. Доколку Баер одбие таква понуда, Реал е подготвен да го пушти Ѓулер на едногодишна позајмица во Леверкузен, ако тоа значи дека ќе добијат зелено светло за да го потпишат Вирц пред Баерн Минхен.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |