Анчелоти смирува: Мбапе не е посериозно повреден!

December 11, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Анчелоти смирува: Мбапе не е посериозно повреден!

Откако му донесе предност на Реал Мадрид во 10. минута кога постигна гол за водство од 0:1 на гостувањето против Аталанта во синоќешниот натпревар од 6. коло во Лигата на Шампионите, Килијан Мбапе беше принуден да го напушти теренот во 36. минута поради повреда. По завршувањето на мечот, кој Реал Мадрид го победи со резултат 2:3, тренерот на „кралевите“, Карло Анчелоти, изјави дека повредата на Мбапе не е сериозна. „Килијан почувствува непријатност во бутниот мускул. Мислам дека не е ништо сериозно, иако ќе оди на детални медицински прегледи. Не можеше да трча, а тоа го загрижи и затоа решивме да го замениме. Сепак, мислам дека се преоптовари“, кажа Анчелоти.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.