Анчелоти призна: Еден играч заслужува да игра пред Модриќ

December 11, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Анчелоти призна: Еден играч заслужува да игра пред Модриќ

Се поизвесно е дека Лука Модриќ ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на оваа сезона, бидејќи клубот активно бара нов играч за неговата позиција, а шпекулациите сугерираат дека замената може да се најде без да се трошат дополнителни средства. Карло Анчелоти, кој долго време ја разгледуваше оваа ситуација, најверојатно ќе се потпре на играч кој веќе го има во својот тим - Дани Себаљос. Откако се појавија информации дека Себаљос дека може да ја напушти екипата во јануари, поради малкуте минути на терен,  Анчелоти реши да му даде шанса, а Себаљос ја искористи, блескајќи на позицијата што ја остави Модриќ. Во последниот натпревар против Аталанта, Себаљос беше еден од најдобрите на теренот и со својата игра го воодушеви тренерот Анчелоти. Шпанските медиуми пишуваат дека Себаљос му покажа на тренерот дека заслужува многу повеќе шанси и дека одлично функционира на позицијата на Модриќ, која изгледа како да му одговара уште повеќе отколку што се мислеше. „Тој го заслужи своето место во стартниот состав пред Модриќ. Вечерва беше спектакуларен“, изјави Анчелоти по мечот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.