Јунајтед и Ливерпул го сакаат Јоро, Реал во предност, а Лил бара 100 милиони евра

June 14, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Јунајтед и Ливерпул го сакаат Јоро, Реал во предност, а Лил бара 100 милиони евра

Ливерпул и Манчестер Јунајтед се тимовите кои активно ќе се борат за да го обезбедат потписот на Лени Јоро, но имаат во предвид дека Реал Мадрид моментално е во предност бидејќи тие одамна преговараат со него, пренесува Дејвид Орнстин од „The Athletic“. Лени Јоро е млад француски талентиран стопер чии што договор истекува наредното лето и најверојатно истиот нема да биде продолжен. Јоро моментално дава предност на Реал како негов следен клуб, но проблемот може да биде што неговиот клуб почнал да бара повеќе од 100 милиони евра, но планот на Реал Мадрид е да се обидат како и во случајот со Алфонсо Дејвис, односно да ја искористат состојбата каде и на двајцата договорите им стекуваат следната година, па секако дека подобро е клубовите да ги продадат фудбалерите за одредена сума отколку да заминат бесплатно. Ако Јоро го одбере Реал, одлуката ќе биде слична како онаа на Чуамени и Белингем каде одбија поголеми понуди за да преминат во Мадрид. Според Transfermarkt, тој вреди 50 милиони евра.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.