December 11, 2024 | | Свет
Барселона и Бетис одиграа возбудлив дуел кој заврши со 2-2, а на тој натпревар црвен картон заработи тренерот Ханси Флик. Тој нема да биде на клупата на Барселона во наредните два натпревари. Според фудбалскиот новинар Фабрицио Романо, Флик ќе биде суспендиран и нема да може да ја предводи екипата во двата следни дуела против Леганес и Атлетико Мадрид. Ова претставува голем удар за каталонскиот клуб, кој е во борба за одржување на водечката позиција во Ла Лига. Причината за неговата суспензија е напуштањето на дозволениот простор на теренот, галамел и се противел на одлука на судијата. Барселона, и покрај оваа неочекувана ситуација, останува на врвот на табелата со 38 бодови, задржувајќи водство од два бода пред Реал Мадрид. Меѓутоа, важно е да се напомене дека Барселона има одиграно еден натпревар повеќе од својот најголем ривал.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |