Тешка победа на Барса, нов пораз на Сити, рутински триумф на Арсенал! (ВИДЕО)

December 11, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Тешка победа на Барса, нов пораз на Сити, рутински триумф на Арсенал! (ВИДЕО)

Барселона издвои тешка победа на гостувањето кај Борусија Дортмунд со резултат 2-3. Сите пет гола паднаа во вториот дел. Резултатот го отвори Рафиња во 53. минута, седум минути подоцна Гираси го врати Дортмунд во игра. Потоа следуваше ново водство на Барселона преку Феран Торес во 75. минута, повторно возврати Гираси три минута подоцна, а победничкиот гол го постигна Феран Торес каде прекрасно му намести Ламин Јамал. Манчестер Сити доживеа нов пораз, овој пат против Јувентус со 2-0 каде стрелци беа Влаховиќ и Мекени. Во последните десет натпревари, Сити има само една победа, а им се заканува и опасност од испаѓање од Лигата на шампионите ако не победат во барем еден меч од последните две кола. Сигурен беше и Арсенал против Монако со 3-0, а погоди Сака во два наврати и Хаверц.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.