December 11, 2024 | | Свет
Црвена Ѕвезда играше одлично против Милан и долго се држеше во мечот, но на крајот прими гол по сомнителна ситуација во шеснаесетникот на Гутеша. Овој момент, кој се случи во 87. минути, го реши победникот. Играчите на српскиот тим беа љути поради недосудениот прекршок од Габија на Спајиќ при акцијата која доведе до голот, но и поради сомнителниот прекршок пред корнерот што го претходеше. Поразот од 2:1 беше тежок удар особено после трудот и посветеноста на теренот. Ова предизвика бурна реакција од тренерот Владан Милојевиќ, кој не ја криеше својата бес и жестоко критикуваше судиите, тврдејќи дека некој системски се обидува да и наштети на Црвената Ѕвезда. „Не знам што да кажам после ваков пораз, не знам што е најпаметно. Досега не зборував, јас сум спортист и трпев и молчев за се. Претрпев тешки порази, но ова денеска е срам за Лигата на шампиони, ова е нешто невидено. Да победи Милан на ваков начин, тоа е вистински срам. Ова беше вооружен грабеж, очигледно гледаат нас нас како камче во нивните чевли. Од почетокот на Лигата на шампиони имаат нешто против нас, ова беше чист фаул, не сакам да коментирам. Судијата не сакаше да донесе таква одлука и тоа не е случајно. Не ни досудија класичен пенал во Монако, очигледно е дека некој не ја сака Звезда во Лигата на шампиони. Ако толку сакаат, нека ја направат нивната затворена Суперлига. Кога еден Милан треба да добие натпревар на ваков начин, се ова станува навистина грдо“, изјави Милојевиќ.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |