Коленото на Родри изгледа ужасно, но работи напорно за да се врати! (ВИДЕО)

December 12, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Коленото на Родри изгледа ужасно, но работи напорно за да се врати! (ВИДЕО)

Родри ќе биде отсутен до крајот на сезоната, откако во септември ги скина лигаментите на десното колено. Шпанскиот фудбалер моментално се наоѓа на рехабилитација по операцијата која беше извршена во Мадрид. Официјално прогласениот најдобар фудбалер на светот, Родри, ќе мора да направи пауза од најмалку шест месеци, а се очекува да се врати во составот на Манчестер Сити во текот на летните подготовки во 2025 година. На социјалните мрежи се појавија алармантни фотографии од неговото колено, кои покажуваат сериозноста на повредата по тешката операција. Пред само една недела, Родри изрази загриженост за зголемувањето на бројот на натпревари во текот на сезоната, предупредувајќи на негативните последици по здравјето на играчите и квалитетот на фудбалот. Минатата сезона, тој одигра 50 натпревари за Манчестер Сити и осум за шпанската репрезентација, со која ја освои титулата на Европското првенство.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.