December 12, 2024 | | Свет
Шведското Обвинителство денеска ја затвори истрагата против Килијан Мбапе, кој беше осомничен за силување за време на неговото патување во Стокхолм пред два месеца. Мбапе, кој се наоѓаше во Шведска со група пријатели, помина неколку дена во шведската престолнина, а по неговото враќање во Мадрид, во јавноста се појавија информации дека една жена пријавила полициска станица, обвинувајќи го фудбалерот за сексуален напад. Мбапе веднаш ја негираше обвината и тврдеше дека е невин, изразувајќи подготвеност да соработува со властите доколку биде повикан да дава исказ. Сепак, денеска, шведското Обвинителство официјално соопшти дека истрагата е завршена и дека нема доволно докази за поднесување на обвинение. Мбапе ја напушти Шведска без никакви правни последици, а неговиот правен тим го поздрави исходот на истрагата. „Истрагата беше водена против едно лице осомничено за силување и уште два случаја на сексуално вознемируање. Сепак, по ссобраните докази беше јасно дека нема доволно индиции за да се продолжи со овој случај и затоа истрагата е завршена“, објави Вишата обвинителка Марина Чиракова.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |