December 12, 2024 | | Свет
Шпанскиот гигант Реал Мадрид соопшти дека Килијан Мбапе, се здобил со повреда и ќе биде надвор од тренинзите на неодредено време. Според официјалното соопштение на клубот, повредата на Мбапе е локализирана во левиот бутен мускул. Оваа информација доаѓа по првичната изјава на тренерот Карло Анчелоти, кој по натпреварот изјави дека повредата на Французинот не е сериозна. Мбапе се повреди во првото полувреме на натпреварот во Лигата на шампионите против Аталанта во Бергамо, по што беше принуден да го напушти теренот, а претходно постигна гол. И покрај неговото излегување, тимот успеа да ја забележи победата со 2-3. Во моментот не се знае колку долго ќе отсуствува Мбапе, но од клубот потврдија дека ќе продолжат да ја следат неговата ситуација.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |