December 12, 2024 | | Свет
Барселона забележа многу важна победа на гостувањето во Дортмунд против Борусија, со 3-2, резултат со кој значително се приближија до осминафиналето во Лигата на шампионите. Каталонците трипати водеа на „Сигнал Идуна Парк“, а вториот гол на Феран Торес се покажа како клучен за освојување на целокупниот плен. Но, покрај него, еден друг играч на Барселона го привлекува вниманието со неверојатен податок, а тоа е Рафиња. Бразилецот, со својот прецизен удар, ја започна победничката серија на Барса во овој натпревар и продолжи да ја руши статистиката во тековната сезона. Рафиња има неверојатна статистика: секој негов удар што завршил во рамките на голот бил претворен во погодок. Тоа значи дека секогаш кога ќе упати шут во целта, голот е сигурен, што е навистина импресивно. Сега, тој има вкупно 22 удари во рамките на голот во тековната сезона, а неговите бројки во сите натпревари изнесуваат 17 гола и 8 асистенции на 23 настапи.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |