December 12, 2024 | | Свет
Јувентус забележа значајна победа во дербито против Манчестер Сити во Лигата на шампионите, со 2-0. Стрелци на головите беа Душан Влаховиќ и Вестон МекКени во второто полувреме, што му донесе на „старата дама“ прекин на серијата нерешени резултати.
По еден месец без победа, Јувентус им се врати на победите, додека Манчестер Сити продолжи да се мачи, со само една победа на последните десет натпревари во сите натпреварувања.
Средбата во Торино го привлекла вниманието и на легендарниот англиски фудбалер, Пол Сколс, кој по завршувањето на мечот се зачуди од младите ѕвезди на Јувентус. Сколс беше особено импресиониран од 19-годишниот Кенан Јилдиз, кој ја даде асистенцијата за првиот гол на „бјанконерите“.
„Кој по ѓаволите е овој Јилдиз?“ – изјави Сколс, очигледно изненаден од настапот на младото чудо.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |