„Marca“ го утеши Винисиус: Го избра за најдобар играч во светот

December 13, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

„Marca“ го утеши Винисиус: Го избра за најдобар играч во светот

Бразилскиот фудбалер Винисиус Жуниор доживеа разочарување кога не успеа да ја освои „Златната топка“, најпрестижното индивидуално признание во фудбалот, но сега доби мала утеха со ново признание. Шпанскиот дневен весник „Marca“ го прогласи за најдобар фудбалер на минатата сезона, додека второто место му припадна на Џуд Белингем. На третото место се најде шпанскиот фудбалер Родри, кој ја освои „Златната топка“. Во изборот на „Marca“ учествуваа 122 новинари од целиот свет, како и поранешни фудбалери и тренери. Во претходните две години, наградата ја добиваа Ерлинг Халанд (2022/2023) и Карим Бензема (2021/2022). Винисиус Жуниор, кој минатата сезона постигна 24 гола и додаде 11 асистенции, го задржа водечкото место според ова гласање. По него, во топ 10 на најдобрите фудбалери на изборот на „Marca“ се: Ламин Јамал од Барселона, Дани Карвахал од Реал Мадрид, Ерлинг Халанд од Манчестер Сити, Тони Крос од Реал, Килијан Мбапе од Пари Сен Жермен/Реал Мадрид, Флоријан Вирц од Баер Леверкузен и Хари Кејн од Баерн Минхен.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.