December 13, 2024 | | Свет
Во Цирих денеска беа извлечени групите за квалификациите за Светското првенство 2026, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Србија ја доби групата во која ќе се натпреварува против Англија, Албанија, Летонија и Андора. Англија важи за фаворит во оваа група, но селекторот на Србија, Драган Стојковиќ Пикси, потсетува на претходниот дуел со Англија на Европското првенство, каде, според него, Србија не требало да биде поразен. Пикси изрази уверување дека неговата селекција има капацитет да се бори за врвот на групата и ќе се обиде да изненади, независно од силата на англискиот тим. „За да се пласирате на Светско првенство морате да победувате. Нашата цел секогаш е да бидеме број 1 и сега сакаме да одиме во САД, Канада и Мексико, ќе дадеме се од себе да бидеме успешни. Игравме против Англија на Европското првенство и не заслуживме да изгубиме. На хартија, по сила и квалитет секако се први фаворити, но тоа не значи дека ние ќе се предадеме. Го променија селекторот, меѓутоа туак се истите фудбалери со кои се запознавме во Германија“, изјави Пикси. Еден од натпреварите кој дефинитивно привлече внимание е дуелот кој Србија ќе го одигра со Албанија во Тирана. Сепак, за Пикси важен е само фудбалот. „Покажаа напредок и сигурно ќе бидат незгоден противник. Ме радува што ќе играме во Тирана на преубав стадион каде што се играше финалето од Лигата на Конференции. Свесен сум дека за јавноста овие два натпревари ќе бидат интересни и од други причини. Сепак, тоа нас не не интересира, важно ни е само тоа што е поврзано со фудбалот“, објасни тој.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |