Пике откри кои клубови ги почитува најмногу и кој е неговиот омилен играч од Барса

December 13, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Пике откри кои клубови ги почитува најмногу и кој е неговиот омилен играч од Барса

Жерард Пике, еден од најголемите фудбалски играчи во историјата на Барселона, остави неизбришлива трага во клубот со своите многу успеси. За време на својата кариера во каталонскиот тим, Пике освои вкупно 29 трофеи, што го прави еден од најтрофејните фудбалери во историјата на Барса. И покрај тоа што неговата активна играчка кариера заврши, Пике продолжува да ја следи Барселона и новата генерација играчи кои се обидуваат да го вратат клубот на победничките патеки. Од младите таленти, тој има еден фаворит – дефанзивецот Пау Кубарси. Иако многумина би го истакнале Ламин Јамал како најголемата надеж на Барса, Пике нагласува дека за него, Пау Кубарси е највпечатливиот млад играч. Поранешниот капитен на Барса, исто така, зборуваше за клубовите кои ги почитува најмногу, и на домашната и на меѓународната сцена. „Тоа се Реал Мадрид и Баерн Минхен“, изјави Пике. Тие два тимови според него заслужуваат најголемо почитување заради нивните успехи и нивната конзистентност на највисоко ниво во фудбалот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.