December 14, 2024 | | Свет
Пол Погба се подготвува за своето враќање на фудбалските терени, бидејќи во март следната година треба да се врати по суспензијата која ја доби поради позитивен допинг тест. Но, синоќа, Французинот направи мистериозна објава на социјалните мрежи, што ја збуни јавноста и ги поттикна шпекулациите за неговата иднина. Иако долго време не настапуваше на терените, Погба не се повлекува од фудбалот и нема намера да ја заврши својата кариера. Многумина веруваат дека преку најновата објава на играчот најавува трансфер или, пак, планира да открие кое ќе биде неговото следно фудбалско пристаниште. На почетокот, Погба беше суспендиран на четири години поради нарушување на правилата за допинг, но тој поднесе жалба и успеа да ја намали казната на 18 месеци. Со враќањето на терените за неколку месеци, останува да видиме како ќе се развие неговата кариера и дали неговата иднина ќе биде поврзана со нов клуб.
👀🇫🇷 Paul Pogba on Instagram. pic.twitter.com/yEJNwLcspX
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) December 13, 2024
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |