Баерн Минхен го сака Арда Ѓулер, но нуди ветеран за пет пати помала сума

December 14, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Баерн Минхен го сака Арда Ѓулер, но нуди ветеран за пет пати помала сума

Баерн Минхен се обиде да направи интересна размена во обид да го потпише Арда Ѓулер од Реал Мадрид во јануарскиот преоден рок 2025, тврди „Defensa Central“. Баерн бил подготвен на размена на играчи, при што биле подготвени да го испратат искусниот напаѓач Томас Милер на „Сантијаго Бернабеу“ за да го доведат Ѓулер. Но, Флорентино Перез не сакал да ја разгледува оваа понуда и веднаш ја одбил понудата на Баерн во моментот кога дознал за неа. Реал Мадрид не ја разгледува можноста за продажба на Ѓулер во јануарскиот преоден рок, бидејќи го сметаат за клучен играч во тимот. Според „Трансфермаркт“, пазарната вредност на Ѓулер изнесува 45 милиони евра, што значително го надминува вреднувањето на 35-годишниот Томас Милер, проценет на 8 милиони евра. Турчинот има еден гол и една асистенција во 18 настапи оваа сезона за тимот на Карло Анчелоти.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.