Каков фудбал ќе игра Челзи со новиот тренер?

June 4, 2024 | Kristijan Trajchov | Анализи

Каков фудбал ќе игра Челзи со новиот тренер?

Енцо Мареска е новиот тренер на Челзи откако Покетино во заеднички договор со Челзи го раскина договорот, иако можеби во моментот кога беше официјализирано дека тој ќе замине од Челзи беше изненадување, барем за одредени фанови на Челзи со оглед на тоа што влегоа во добра форма на крајот од сезоната и судејќи според реакциите на фудбалерите на Челзи по неговото заминување, очигледно беше дека многу фудбалери посакувале тој да остане.

Но, сега тука е Мареска, човекот кој во неговата прва сезона во Лестер освои Чемпионшип и избори директен влез на Лестер во Премиер лигата.

Во однос на тоа каков фудбал се очекува Челзи да игра под негово водство, тој преферира доминантен фудбал каде преферира неговиот тим да има контрола врз натпреварите и да игра фудбал како оној на Гвардиола. Тој всушност и беше негов асистент во сезоната 2022/23 кога Сити освои тројна круна.

Тој исто така е и флексибилен тренер, а тоа особено е важно за Премиер лигата каде секој тим има поинаков пристап и поинаков систем. Најверојатно управата на Челзи му верува на Мареска па затоа и му даде договор до 2029 година со опција да биде продолжен до 2030 година во состав кој е полн со млади, талентирани и неискусни фудбалери.

Иако некои сметаат дека ова е ризик, Челзи го тврди спротивното и ќе се надеваат на успеси токму со Мареска.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.