August 24, 2025 | | Македонија
Скандалот што денеска се случи во Штип, каде родители на млади фудбалери на Шкупи физички нападнаа деца на Брегалница, и понатаму предизвикува голема вознемиреност во македонската спортска јавност. По инцидентот, штипскиот клуб се огласи со официјално соопштение во кое најостро го осуди насилството, посака брзо закрепнување на повредените деца и побара санкции од надлежните институции. „Најостро го осудуваме денешниот инцидент на натпреварот помеѓу ФК Брегалница и ФК Шкупи (2009-2010 генерација). Спортот треба и мора да биде колевка на почит, култура и демонстрација на здрави навики. Не смееме да дозволиме ваква слика да се повтори на било кој фудбалски и спортски терен. Тоа треба да биде место за натпреварување и покажување на манири кои се учат од најмала возраст,“ стои во соопштението на Брегалница. Од клубот дополнуваат дека апелираат институциите професионално да ја испитаат случката и со највисоки санкции да ги казнат виновниците.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |