„Чкембари“: Нема да користиме пиротехника до крајот на оваа сезона

March 20, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

„Чкембари“: Нема да користиме пиротехника до крајот на оваа сезона

Навивачката група „Чкембари“ од Битола донесе одлука да се воздржи од употреба на пиротехника до крајот на сезоната. Оваа одлука е донесена како знак на почит кон жртвите од трагедијата што се случи во саботата вечерта во дискотека во Кочани. Покрај тоа, верните поддржувачи на Пелистер уште еднаш истакнаа дека се подготвени да помогнат на секој на кого му е потребна поддршка. „Во овие денови на тага и неверување донесовме одлука во чест и почит кон жртвите, повредените и нивните семејства во трагедијата во Кочани. Навивачката група „Чкембари“ нема да користи пиротехника до крајот на оваа сезона. Уште еднаш изразуваме најдлабоко и искрено сочувство до семејствата на сите настрадани. Исто така, уште еднаш изјавуваме дека сме на располагање, доколку на каков било начин можеме да помогнеме“, се наведува во соопштението на битолската навивачка група. Македонскиот спорт во моментов е во прекин поради настанот, а натпреварите ќе продолжат од следната седмица.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.