June 8, 2024 | | Македонија
Македонската фудбалска репрезентација покрај пријателскиот натпревар со Хрватска каде претрпеа пораз од 3-0, ќе одигра уште еден контролен натпревар против Чешка на 10-ти јуни во Храдец Кралове. Репрезентативецот Бојан Димоски рече дека она што треба да биде поправено е тактичката дисциплина, како и сите недостатоци. „Добро ја анализиравме Чешка, тоа е нивниот последен контролен натпревар пред ЕП, тие ќе влезат како да играат на ЕП, но тоа е за нас последна контрола пред Лигата на Нации. Покажавме дека знаеме да се носиме со силни репрезентации, како против Англија и против Италија, и верувам можеме да се носиме и против Чешка. Станува збор за доста физички и тркачки подготвена репрезентација, но и ние имаме добри страни и се надевам дека ќе ги искористиме и ќе стигнеме до добар резултат“, изјави Димоски. На ова Европско првенство Чешка е во група со Португалија, Турција и Грузија.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |