July 30, 2024 | | Македонија
Екипата на Брера Струмица Градскиот стадион „Благој Истатов“ го пријави како свој прв домашен терен за наредната сезона, а алтернативен е теренот на спортскиот центар „Пандев“. Ова значи дека тие ќе играат на поголем стадион и со поголем капацитет, а ќе може да се играат и вечерни натпревари. Исто така, Беласица ги игра своите натпревари на овој стадион. На овој стадион нашата репрезентација има играно официјални и пријателски натпревари. Струмичани првенството ќе го започнат на 11 август против Вардар на домашен терен.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |