February 4, 2025 | | Македонија
ФИФА во својот најнов извештај за клубските лиценци објави дека два македонски клуба добиле забрана за трансфери. На листата на санкционирани клубови се најдоа прволигашот Воска Спорт, кој неодамна помина низ структурни промени и доведе неколку нови засилувања во зимскиот преоден рок, како и второлигашот Брегалница Штип. Според извештајот, овие два клуба немаат право да регистрираат нови фудбалери. ФИФА ја изрече оваа мерка поради тужби и финансиски обврски кон вработените во клубовите, а забраната ќе трае три преодни рока. Од претходната листа повеќе не фигурира Скопје, кој успеа да ги реши своите проблеми. Сепак, Шкупи сè уште останува под санкции, бидејќи во јануари е поднесена нова пријава, иако новото раководство најави дека наскоро ќе ја реши ситуацијата.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |