ФК Вардар добива нов генерален спонзор, договорот е вреден милион евра годишно!

July 9, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

ФК Вардар добива нов генерален спонзор, договорот е вреден милион евра годишно!

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар доби нов генерален спонзор. Станува збор за компанијата „Новоматик Македонија“. Договорот е потпишан на една година, а и двете страни се надеваат дека соработката ќе продолжи и по завршувањето на наредната сезона. Новиот генерален спонзор ќе биде поддржувач на сегашната управа, а ќе придонесе со сериозен буџет за следната сезона. „Нашата компанија со финансиска програма од 1 милиони евра годишно да го поткрепи Вардар во обидот да се врати на старите успешни патеки. Нашата амбиција не е да ја превземеме управата на клубот, туку ќе имаме наш преставник. Вардар е симбол на најголемите македонски спортски успеси“, изјави Марија Митреска, претставник на „Новоматик“. Договорот беше потпишан од страна на Александар Симовиќ, генерален директор на „Новоматик“, и претседателот на ФК Вардар, Милорад Миленковски. „Вардар повторно се враќа на големата сцена, се надеваме дека повторно ќе биде најголем амбасадор застапувајќи ја државата и надвор од границите на Македонија. Ова е голема победа за нас. По сите подеми и падови, ова е награда за трудот за сè досега. Во вистинско време го потпишуваме овој договор, затоа што утре тргнуваме на подготовки. Верувам дека заедно ќе се радуваме. Во играта на среќа во која се вклучивме ние пред 4 години кога го преземавме клубот, на моменти отстапувавме, на моменти го зголемувавме влогот, на крајот отидовме алл ин и на крајот победивме. ова е заедничка победа на сите кои вердуваа во проектот вардар. Вардар е национален бренд македонски. Вистински спортски амбасадор“, изјави Милорад Миленковски. Компанијата „Новоматик Македонија“ е aвстриски бренд во игрите на среќа.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.