Фудбалер на Шкендија доби повик да игра за Албанија, може да дебитира против Србија!

October 3, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Фудбалер на Шкендија доби повик да игра за Албанија, може да дебитира против Србија!

Албанската репрезентација го објави списокот на играчи за квалификацискиот натпревар против Србија во Лесковац на 11 октомври, а најголемата новост е дебитантскиот повик за дефанзивецот на Шкендија, Клисман Цаке. Цаке досега настапуваше за младинските селекции на Албанија, но првпат ќе има можност да заигра за А-тимот. Интересно е што неговото деби може да се случи токму против Србија, што дополнително го привлече вниманието на јавноста. Селекторот Силвињо истакна дека повикот е исклучиво резултат на добрите настапи на Цаке во дресот на тетовска Шкендија, каде што е стандарден првотимец во дефанзивната линија. По дуелот со Србија, Албанија ќе одигра и пријателски меч против Јордан на 14 октомври во Тирана, на стадионот „Ер Албанија“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.