Гол од далечина ја донесе победата на Шкендија Арачиново над Беласица (ВИДЕО)

October 5, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Гол од далечина ја донесе победата на Шкендија Арачиново над Беласица (ВИДЕО)

Фудбалерите на Шкендија Арачиново денеска во единствениот натпревар од седмото коло во ВМФЛ славеа минимално против Беласица и со тоа се израмнија со Брегалница на врвот од табелата. Дуелот не понуди многу возбудувања, а победникот беше решен десетина минути пред крајот. Ерхан Шаип со прекрасен удар од далечина го совлада голманот на Беласица и донесе триумф за гостинскиот тим. Работата за струмичани беше дополнително отежната бидејќи во вториот дел останаа со фудбалер помалку. За нив ова е прв пораз сезонава, во која досега запишаа пет победи и едно реми. Табела ВМФЛ: 1. Брегалница – 17 2. Шкендија Арачиново – 17 3. Беласица – 16 4. Скопје – 14 5. Детонит Плачковица – 13

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.