October 14, 2025 | | Македонија
Капитенот на македонската репрезентација Енис Барди повторно покажа зошто важи за еден од најдобрите изведувачи на слободни удари во Европа. Со прекрасен погодок од слободен удар, Барди донесе израмнување за Македонија во натпреварот против Казахстан и ја задржа нашата селекција во игра за пласман на Светското првенство. УЕФА го објави видеото од голот, притоа нарекувајќи го Барди „генијалец за слободни удари“, и соопшти дека неговиот погодок е номиниран за „Гол на колото“ во квалификациите за СП 2026. Ова е уште една потврда за техничката прецизност и лидерските квалитети на македонскиот капитен, кој повторно ја презеде одговорноста во клучен момент и донесе бод за националниот тим. Барди и Македонија во последното коло ќе гостуваат кај Велс, во директна борба за подобра позиција во баражот и продолжување на сонот за Мундијалот.
Enis Bardhi is a free-kick genius 🤯🤯#EQGOTT | @AlipayPlus | #WCQ pic.twitter.com/UIb1VHmESp
— UEFA EURO (@UEFAEURO) October 13, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |