Инцидент по натпреварот во Неготино: Голманот на Охрид заработи тупаница! (ВИДЕО)

September 26, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

Инцидент по натпреварот во Неготино: Голманот на Охрид заработи тупаница! (ВИДЕО)

Охрид Лихнидос успеа минимално да слави на гостувањето кај Вардар Неготино во еден тензичен натпревар каде имаше и физичка пресметка. По завршувањето на натпреварот, засега непознато и неовластено лице стоеше пред излезот од теренот па во тој момент реши да го нападне голманот на Охрид Андов. Во тој момент хаосот стана уште поголем, а соиграчите на Андон тргнаа да го одбранат и се упатија кон напаѓачот. Се огласија и од фудбалскиот клуб Охрид за целата ситуација. „Во текот на вчерашниот ден одигравме натпревар во Неготино каде што фудбалската игра беше ставена во втор план поради настан кој што нема допирна точка со фудбалот и спортот. Поради лошата организација на домаќинот дојдовме до ситуација која не може да се контролира и многу лесно можеше да ескалира до поголем инцидент. По завршувањето на натпреварот нашиот голман како и уште неколку наши фудбалери беа физички нападнати од неофицијални лица кои што без никаков проблем се најдоја на теренот. Исто така и во претходната сезона бевме сведоци на слични случувања во Неготино, но немаше реакција од наша страна. ГФК Охрид Лихнидос како домаќин ги има пречекано сите натпревари крајно фер и спортски без ниеден инцидент. Ние како клуб бараме реакција од одговорните лица на федерацијата. Вакви сцени за жал го уназадуваат македонскиот спорт“, се наведува во нивната објава.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.