Македонско дерби во Шкотска: Трапановски стрелец, Миовски без гол (ВИДЕО)

October 18, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Македонско дерби во Шкотска: Трапановски стрелец, Миовски без гол (ВИДЕО)

Дуелот меѓу Глазгов Ренџерс и Данди Јунајтед во рамките на шкотското првенство донесе вистинско македонско дерби, во кое се соочија двајца наши репрезентативци – Бојан Миовски и Кристијан Трапановски. Средбата заврши без победник, 2-2, а токму Трапановски беше еден од најзабележителните играчи на натпреварот. Тој се запиша во листата на стрелците во 66-тата минута, кога со прецизен удар од околу 20 метри израмни на 1-1. Вкупно упати три удари кон голот, од кои два во рамките, а еден беше блокиран. На другата страна, Бојан Миовски одигра цел натпревар за Ренџерс, но не успеа да се запише меѓу стрелците. Тој имаше два обиди кон противничкиот гол – еден заврши надвор од рамките, а другиот беше блокиран од одбраната на Данди Јунајтед. Со овој реми, двата тима ги поделија бодовите, а натпреварот остана запаметен како уште едно поглавје во приказната на македонските фудбалери кои успешно се пробиваат на островскиот фудбалски пазар.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.