Милевски: Ја почитуваме Летонија, но ние сме фаворити

October 9, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

Милевски: Ја почитуваме Летонија, но ние сме фаворити

Нашата репрезентација утре ќе се соочи со Летонија во Рига на третата средба од Лигата на нации, со почеток во 18 часот. Откако Македонија одигра нерешено против Фарски Острови и ја победи Ерменија, селекцијата ќе се надева на нова победа. Селекторот Благоја Милевски смета дека селекцијата има квалитет и сили за да дојде до победа. „Тимот на Летонија го има нашиот максимален респект, меѓутоа ние сме фокусирани на нашето издание. Веќе кажав и тоа навистина го мислам, дека Македонија ќе се прашува за изгледот на групата и првото место. Секако дека ќе ни недостасуваат Зајков и Серафимов во одбраната, но и Трајковски и Чурлинов, но верувам дека сите што ќе добијат шанса ќе ја искористат“, изјави селекторот Благоја Милевски.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.