Милевски: Полека се доближуваме до целта да изградиме вистински тим!

October 13, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

Милевски: Полека се доближуваме до целта да изградиме вистински тим!

Македонија дојде до важна победа против Ерменија со 2-0 каде стрелци беа Миовски и Алими. Сега ќе треба да се случи чудо нашата селекција да не заврши на првото место. „Иако Ерменија имаше свои моменти, сметам дека Македонија заслужено победи. Можеби Ерменија беше поактивна во првиот дел, но немаше премногу шанси. Ние ги корегиравме нашите линии на полувремето и во продолжението бевме подобар противник. Ме радува фактот што по моменти на конфузност и нервоза при посед на топка во првиот дел, се вративме на најдобар можен начин. Тимот беше тука да ги корегира грешките на индивидуалците. Полека се доближуваме до целта да изградиме група на добри личности и одлични фудбалери. Со своите настапи во репрезентацијата нашите фудбалери испраќаат пораки и до своите тренери во клубовите. Некои тренери не можат и не сакаат да ги видат нивните квалитети. Девет од единаесет фудбалери не играат во континуитет во своите клубови и пак играат два натпревари во четири дена. Ме радува тоа што не примивме гол на три натпревари по ред и што имаме одличен дух и помагање меѓусебе. Победата ја посветувам на мојот тим, на стручниот штаб, на федерацијата за логистиката во цел овој период“, рече Милевски. Со оваа победа, Македонија сега има 10 бода, Ерменија остана со четири на втората позиција, Летонија има три и Фарски Острови два.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.