Момците вечерва во Гент ќе имаат масовна поддршка! (ВИДЕО)

October 10, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Момците вечерва во Гент ќе имаат масовна поддршка! (ВИДЕО)

Иако Македонија вечерва игра на гостински терен против Белгија, поддршката за избраниците на Благоја Милевски ќе биде повеќе од видлива и гласна. Според информациите од Фудбалската федерација на Македонија, на трибините во Гент ќе присуствуваат речиси 1.000 македонски навивачи, кои веќе од утрово ја загреваат атмосферата со песни и знамиња на улиците. Познато е дека поддршката од трибините секогаш им дава дополнителен мотив на фудбалерите, па така и овој пат „црвено-жолтите“ ќе имаат чувство дека играат пред своја публика. Дуелот меѓу Белгија и Македонија започнува во 20:45 часот, а македонските фанови се подготвени да создадат огнена атмосфера и да бидат „дванесеттиот играч“ на нашиот тим.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.