Пелистер извади бод против Шкендија, па го избрка тренерот!

October 7, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Пелистер извади бод против Шкендија, па го избрка тренерот!

Пелистер утрово информираше дека Димитар Капинковски повеќе не е шеф на стручниот штаб на битолскиот клуб. Пелистер очајно ја започна сезоната и по девет кола се наоѓа на 10-тата позиција со само седум бода. Интересно е што отказот доаѓа само еден ден по ремито со актуелниот шампион Шкендија — резултат што го прекина низот од пет последователни порази. Засега не е познато кој ќе го наследи Капинковски на клупата, но од клубот најавија дека новиот предводник ќе биде именуван во наредните денови.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.