ПМФЛ: Пелистер и Башкими неприкосновени со втори триумфи (ВИДЕО)

August 25, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

ПМФЛ: Пелистер и Башкими неприкосновени со втори триумфи (ВИДЕО)

Екипите на Пелистер и Башкими се зацврстија во горниот дел од табелата во Првата македонска фудбалска лига, откако денеска запишаа нови победи – битолчани славеа над Шкупи (2-0), а кумановци беа подобри од Тиквеш (3-1). Иако Шкупи со големи проблеми состави тим, чаирчани повеќе од еден час успеваа да се спротивстават на фаворитот. Клучниот момент се случи со влегувањето на Ристиќ во второто полувреме – тој најпрво го отвори резултатот, а потоа асистираше и за погодокот на Булатовиќ, со кој Пелистер ја осигура победата. За „зелено-белите“ ова беше втора последователна победа по стартниот пораз од Вардар во Скопје. Во Куманово, Башкими ја продолжи позитивната серија и пред својата публика со 3-1 го совлада Тиквеш. Двоен стрелец беше Филип Алексовски, додека еднаш погоди и Симовски. Единствениот гол за кавадарчани го постигна Мишов.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.