Победа на Македонија против Летонија, ЕВРОГОЛ на Елмас! (ВИДЕО)

October 10, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

Победа на Македонија против Летонија, ЕВРОГОЛ на Елмас! (ВИДЕО)

Македонија славеше со убедливи 3-0 против Летонија во рамките на третото коло од Лигата на нации. На самиот почеток на натпреварот можеше да се случи интересен момент каде Столе Димитриевски ја исфрли топката од нашата половина и за малку ќе го совладаше противничкиот голман кој првично погрешно ја процени ја топката, но успеа некако да спаси и да не прима гол. Летонија имаше добра шанса во 12. минута преку Икауниекс со глава, но за среќа биеше надвор од рамките на голот. Во првите 20. минути нашите фудбалери изгледаа лошо на теренот каде главно бевме фокусирани на поседот, но без конкретни шанси. Сепак, во 35. минута нашите репрезентативци имаа една прекрасна тимска акција преку Барди, кој додаде до Елмас кој прекрасно го најде Миовски кој беше побрз од противничкиот голман каде успеа да му ја додаде на Атанасов кој имаше лесна задача за да погоди. Во вториот дел Македонија играше дефанзивно и ја чуваше минималната предност од првото полувреме се до 70. минута кога Ќамили прекрасно погоди на асистенција на Димитриевски кој ја исфрли топката, а Ќамили кој влезе од клупата четири минути претходно, успеа да се запише во листата на стрелците. Конечните 3-0 ги постави Елмас со прекрасен гол каде топката одлично му „легна“. Се надеваме дека овој гол на Елмас ќе му донесе самодоверба да продолжи да се бори за своето место во Лајпциг и да ја подигне неговата форма. Наредниот натпревар за Македонија е во недела против Ерменија во Ереван со почеток од 18 часот. Со евентуалната победа, би можело да се потврди првото место.

ГОЛОТ НА ЌАМИЛИ

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.