Позитива на денот: Има 60 години и игра за Слога Виница

September 10, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

Позитива на денот: Има 60 години и игра за Слога Виница

За играњето спорт генерално, треба да се има талент, но и огромна желба. Денеска ни пристигнува позитивна вест за бизнисменот Драгослав Здравков - Ледер кој со своите 60 години сè уште игра фудбал и тоа за Слога Виница, пренесува Gol.mk. Претходно тој го носел дресот на Осогово каде бил и капитен, а последните сезони е дел од третолигашот Слога Виница. Тој играл и на пријателските натпревари на Слога Виница, а Здравков воедно е регистриран и во лигата за настапи на Слога Виница. Здравков игра на позицијата стопер, а играл и како заден играч за врска. За него не се важни парите, туку љубовта кон фудбалот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.