Радовишанецот Диме Димов одигра страшна сезона во Локо Софија

June 15, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

Радовишанецот Диме Димов одигра страшна сезона во Локо Софија

Стоперот Диме Димов кој во моментов игра во редовите на Локо Софија ја одигра својата најдобра сезона во кариерата. Во дресот на Локо Софија одигра вкупно 35 од можните 36 натпревари каде не настапи само на еден дуел поради пет жолти картони. Во Бугарската лига пак одигра 30 натпревари, а неговиот договор трае до 2025 година. Според Transfermarkt, тој има вредност од 400 илјади евра. Претходно тој има играно за Хоризонт Турново, Брера, Гостивар, Кожуф Миравци и Металург Скопје.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.