Шампионот Шкендија без идеја против дисциплинираниот Пелистер

October 6, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Шампионот Шкендија без идеја против дисциплинираниот Пелистер

Фудбалерите на Пелистер по пет порази во низа конечно стигнаа до бод, и тоа против актуелниот шампион Шкендија. Тетовци во Битола пристигнаа како големи фаворити поради слабата форма на домаќинот, но на крајот мораа да се задоволат само со реми. Шкендија имаше поголема иницијатива и создаде неколку добри шанси, но недостигаше реализација, па Пелистер успеа да стави крај на негативната серија. Со овој бод, Пелистер се искачи на седум освоени и моментално се наоѓа на десеттата позиција, пред Работнички и Шкупи. За Шкендија, пак, ова реми значи прекин на победничката низа од три натпревари. Тетовци сега имаат 21 бод, исто колку и Вардар, додека лидер на табелата останува Струга со 23.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.