Шкендија набрзина прими два гола и има сериозна негатива кај Рајо Ваљекано (ВИДЕО)

October 2, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Шкендија набрзина прими два гола и има сериозна негатива кај Рајо Ваљекано (ВИДЕО)

Шкендија го започна својот настап во групната фаза од Конференциската лига со гостување кај шпанскиот Рајо Ваљекано. Тетовчани храбро му парираа на фаворитот во првите половина час од играта, но сепак не издржаа до крајот на првото полувреме. Во 28. минута, по добра акција на домашните, Унаи Лопез го отвори резултатот за 1-0. Само четири минути подоцна Гарсија ја зголеми предноста на 2-0 и го скрши отпорот на македонскиот шампион.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.