Срамни сцени: Родители на младинци на Шкупи физички нападнаа деца на Брегалница (ВИДЕО)

August 24, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Срамни сцени: Родители на младинци на Шкупи физички нападнаа деца на Брегалница (ВИДЕО)

Фудбалскиот викенд во Штип беше засенет од тежок инцидент на натпревар од младинските категории (генерации 2009/10), кога група родители на млади фудбалери од Шкупи влегоа на теренот и физички нападнаа играчи на домашната Брегалница. Според локалните медиуми, тепачката започнала ненадејно, без некаква очигледна причина. Родителите на гостинските фудбалери насилно реагирале и се нафрлиле врз младите штипјани, предизвикувајќи хаос на теренот и шок кај присутните. Трагедијата е уште поголема затоа што во инцидентот потешко повредени се две деца – едното со скршена нога, а другото со сериозни повреди на главата. Итно биле пренесени во болница за укажување медицинска помош. На местото на настанот интервенирала полицијата, која уапсила неколку лица вклучени во нападот. Приведените се однесени во полициска станица, а јавноста во текот на денот го очекува официјалното соопштение на МВР за инцидентот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.