October 5, 2024 | | Македонија
Вардар доживеа тежок пораз од шампионот Струга со 4-1 на арената „Тодор Проески“ во рамките на деветтото коло од македонската Прва Лига. Македонскиот гигант го запиша третиот пораз по ред каде гостите по само три минути игра дојдоа до предност преку Беким Камбери. Вардар возврати преку Босанчиќ, а Кампаоре го врати водството на Струга. Во вториот дел бевме сведоци на непријатни настани каде Комитите решија да го навредат голманот Филип Гачевски. Струга постигна уште два гола во второто полувреме и го реши натпреварот. Работнички е лидер со 19 бодови, следува Шкендија со 18, па Гостивар со 17, Струга е на 15, а Силекс има 14 бодови. Резултатите од 9. коло на ПМФЛ: Гостивар – Беса 1-1 Пелистер – Тиквеш 0-0 Шкупи – Брера Струмица 3-1 Силекс – Шкендија 0-0 Вардар – Струга 1-4 Воска – Работнички 0-2
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |