March 20, 2025 | | Македонија
Во чест на Андреј Лазаров, кој остави неизбришлива трага во историјата на клубот, управата на Тиквеш одлучи да го повлече од употреба дресот со број 16. Лазаров трагично го загуби животот во катастрофалниот пожар во Кочани, во кој загинаа 59 лица, а над 150 беа повредени. Тој сезонава беше дел од екипата на Шкупи, каде што се врати летово од хрватска Горица, но претходно неколку години настапуваше и за клубот од Кавадарци. „Неговиот придонес за успесите на нашиот клуб е немерлив. Дресот со број 16, кој тој гордо го носеше, трајно се повлекува и ќе остане во клубските простории како вечен спомен“, соопштија од Тиквеш. Со оваа симболична одлука, клубот му оддаде последна почит, истакнувајќи дека неговото наследство ќе живее вечно. „Ангелите никогаш не заминуваат – тие остануваат во срцата на сите што ги паметат“, нагласија кавадарчани. Во негова чест, на плоштадот во Кавадарци вчера беше отворена и книга на жалост.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |