Тиквеш не успеа да направи историја: Поразени се од Исландски Бреидаблик и за нив заврши Европа! (ВИДЕО)

July 19, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

Тиквеш не успеа да направи историја: Поразени се од Исландски Бреидаблик и за нив заврши Европа! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Тиквеш го завршија својот настап во Европа со елиминација уште во 1. квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА, откако загубија со 3-1 на реваншот против исландски Бреидаблик. Во првиот натпревар од 0-2 го свртеа резултатот во Скопје и победија 3-2. И денеска Тиквеш одлично го отвори натпреварот каде поведоа со 0-1 со гол уште во 9. минута каде Едиз Спахиу одлично стрелаше.

Предноста беше вратена во 44. минута со голот на Стеиндорсон каде по невнимание во шеснаесетникот на Тиквеш, успеа да израмни за 1-1 на полувремето. Исландски Бреидаблик прилично брзо во второто полувреме, поточно во 53. минута од средбата го свртоа резултатот со голот на Гунлаугсон. Иако сите мислеа дека натпреварот ќе оди во продолженија, во 85. минута домаќинот постигнаа гол преку Кристинсон и ова беше крај за тимот од Кавадарци.
Breidablik [3]-1 Tikves [5-4 on agg.] - Kristófer Kristinsson 85' byu/Meladroitdimage insoccer

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.