March 20, 2025 | | Македонија
Судиите за претстојните квалификациски натпревари се веќе одредени, а натпреварот помеѓу Лихтенштајн и Македонија ќе го води Украинецот Микола Балакин. Покрај него, во судискиот тим ќе бидат и неговите сонародници – Виктор Матијаш и Олександар Беркут како помошници, додека четврти судија е Денис Шурман. ВАР-системот исто така ќе биде под контрола на судии од Украина, при што главен за ВАР е Виктор Копиевски, а негов асистент ќе биде Олекси Деревински. Интересен детал е дека Балакин веќе има искуство со овие два тима, бидејќи беше главен судија и на нивниот дуел во 2021 година, кога Македонија славеше убедливо со 5-0. Македонската репрезентација денеска пристигна во Бад Рагаз, во Сент Гален, каде што ќе биде сместена пред натпреварот во Вадуц. Мечот меѓу Лихтенштајн и Македонија е закажан за сабота во 15:00 часот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |