Варадиновски и наредната сезона тренер на Детонит Плачковица

June 7, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

Варадиновски и наредната сезона тренер на Детонит Плачковица

Иван Варадиновски и следната сезона ќе биде тренер на Детонит Плачковица. Тимот од Радовиш стигна до баражот каде играа против Вардар за влез во Прва лига, но не успеаа во намерата каде во одлучувачкиот натпревар загубија од Вардар 2-0. Сепак, управата на Плачковица и натаму му верува на Варадиновски и следната сезона пак ќе се борат за влез во Првата лига. „Пред нас се нови предизвици Иване, се е во твоите раце. Да докажеме дека не само што го подигнавме фудбалот во Радовиш туку дека следува најубавиот период за радости. Сите сме со тебе и поддршката е максимална“, стои во објавата на Детонит Плачковица. Детонит Плачковица минатата сезона немаше пораз на домашен терен и цела сезона имаше само еден примен гол на домашен терен.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.