September 24, 2024 | | Македонија
ФФМ одлучи да го суспендира „Градскиот стадион“ во Кавадарци по ужасните настани на натпреварот помеѓу Тиквеш и Вардар во рамките на 6.коло во Првата македонска фудбалска лига. Ова значи дека Вардар службено ќе го добие натпреварот. Натпреварот беше прекинат бидејќи во судиското продолжение помошниот судија Гоце Петрески беше удрен со пластично шише од публиката во Кавадарци, а во тој момент тимот од Скопје водеше со минимални 0:1. Постои можност стадионот на Тиквеш да биде суспендиран неколку натпревари па тимот од Кавадарци ќе мора домашните натпревари да ги игра на друг стадион или без публика. Комисијата за натпревари при ФФМ го регистрираше натпреварот со службена победа за Вардар од 0-3. Инцидентот настана откако на Тиквеш му беше поништен гол поради офсајд, а таквата одлука ептен ги изнервира домашните навивачи. ФОТО: ГФК Тиквеш/Фејсбук
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |