Бојан Димоски ќе потпише за Партизан!

February 3, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Бојан Димоски ќе потпише за Партизан!

Македонскиот репрезентативец Бојан Димоски ја продолжува својата кариера во Србија, откако реши да го напушти рускиот Акрон Тољати пред истекот на договорот. Негов нов клуб е белградски Партизан, каде што пристигнува на позајмица со можност за откуп. Сите услови се усогласени, а останува само официјалната промоција. 23-годишниот дефанзивец првпат се пресели во странство во јули 2023 година, кога потпиша за Акрон. Претходно, Димоски се истакна како македонски репрезентативец под водство на селекторот Благоја Милевски. Фудбалската кариера ја започна во Вардар, каде што освои титула шампион на Македонија. Освен тоа, играше и за Брера Струмица. Во дресот на македонската репрезентација досега има забележано 18 настапи.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.